И Франција ги замолчува новинарите
Новинар кој објавил дека француските разузнавачки служби знаеле за нападите врз САД од 11 септември 2001 и за тоа ги информирале американските власти, бил затворен и присилуван да го каже изворот. Информцијава можете да ја најдете изворно во Le Monde и Yahoo.fr.
Според новинарот инспекторите биле многу љубезни, но одлучни во своите намери и постојано му го обновувале притворот.Му се заканувале дека ако не го каже изворот ќе го затворат. Исто така му било кажано дека ќе има судење, но дека до тогаш ќе го држат во затвор.Иако во почетокот новинарот одбивал да го соопшти изворот на информацијата, сепак подоцна во крајно лоша психо-физичка состојба признал едно име.
Новинарот одлучил во иднина да не се занимава со новинарство, затоа што не ги издржал притисоците.
Add comment December 12, 2007
ВИП тера по свое
Откако напишав дека мобилниот оператор ВИП добиениот кредит од акцијата „со ВИП добивате двојно повеќе“ дозволува да се троши само во рамките на нивната мрежа, денес исфрлија нова глупост (правило). Во хуманитарната акција за Тео Тасев има и ВИП телефон 077 143 133 на кој може да донирате средства за лекување на ова дете. Отидов во салонот на ВИП во ГТЦ и им реков дека сите пари што ги добив преку акцијата „со ВИП добивате двојно повеќе“ сакам да ги донирам за Тео. Тоа значи дека од мојот ВИП број ќе треба да завртам на број во ВИП мрежата. Знаете што ми одговорија овие од ВИП? НЕ МОЖЕ. Зошто им велам не можам да го трошам кредитот во рамките на вашата мрежа? Нели е такво правилото? Е пу, пу не важи.
И замислете сите овие немили настани се случуваат во земјата Кандидат (за што?!).
2 comments December 10, 2007
FROM LONDON
Велика Британија застана зад Македонија и се протистави на нерузамните барања на Грција. Мислам дека добар дел од западните земји повеќе не можат да ги слушаат глупостите на грчките политичари.
Поздрав до грчкото племе со Битлси, и препорака повеќе да ги слушаат нив, и да го читаат Шекспир за да се култивираат малку од малку.
2 comments December 7, 2007
За вицепремиерот Ѓелиќ сме ФИРОМ, за претседателот Буш Македонија
Ја поддржувам американската политика, односно политиката на претседателот Буш бидејќи за нив сме Македонија и ја уживаме целосната нивна подршка за НАТО и ЕУ. Се надевам дека така ќе биде и во иднина.
Меѓутоа, Канал 5 телевизија јави дека српскиот вицепремиер Ѓелиќ на денешната конференција во Брисел не` нарекол ФИРОМ. Види , Види…. Лицемерието што доаѓа од Белград во форма на некаво пријателство понекогаш очигледно не може да се скрие.
Она што ме интересира е како блогерите кои го мразат Буш, на пример: Катика, Џам, Рибаро итн., ќе го окарактеризираат овој ШУМАДИСКИ ОПИНОК!
Се прашувам дали блогерите што на своите блогови имаат банер „Не пиеме нафта“ пијат „Српска шљивовача“?
Ме интересираа ставот на оние што како мајмуни се бесеа по оградата на американската амбасада во Скопје, протестирајќи против бомбардирањето на нивниот „Београд“. Епа драги без`рбетни протестирачи, Ѓелиќ ви го подаде да си поиграте. Пак да ја палите американската амбасада и да одите да го браните Бранков мост од „натозликовце“.
Навистина не знам што треба да се случи за да македонскиот ум сфати дека нема што да бара од СИТЕ свои парталави (смрдливи) соседи. Само развиентиот свет може и треба да му биде репер на Македонецот .
п.с.
Сакав да поставам линк до веста на сајтот на Канал 5. За жал веста ја нема на страницата. Не знам од што цвикаат уредниците на оваа телевизија од Б.Ц. од Шеќи или од некој друг. Доколку е моја грешка, т.е. доколку информацијата е објавена и на сајотот јавно им се извинувам на уредниците од Канал 5. Сајтот им е заникаде и можни се грешки.
9 comments December 4, 2007
Laibach во Скопје
Во рамките на годинешниот Таксират доаѓаат Laibach. На 8-ми снежник ќе можеме да ја споделиме музиката на оваа култна група. Се надевам дека моите колеги професори, кои се потепуваат секоја година да (ми) ги земат проектните активности од областа на урбаната култура, ќе ги однесат учениците на еден ваков концерт, дотолку повеќе што цената од 300денари е пристапна за македонскиот граѓанин.
5 comments November 30, 2007
Пред Linux и Microsoft молчи
Предноста на Linux оперативниот систем доаѓа до израз и во поглед на „пуштањето“ програми наменети за WINDOWS. Благодарение на емулаторот WINE можете да користите најнормално Microsoft Word или Microsoft Excel или Microsoft Power Point итн. Погледнете ги сликиве што ги направив на мојот компјутер со Linux оперативен систем: Fedora7.
Слика1. Microsoft Excel под Linux

Слика2. Microsoft Word под Linux

Слика3. Microsoft Power Point под Linux

Навистина прекрасно, зарем не?
Многу ме интересира зошто е направен идиотскиот договор меѓу Македонија и Microsoft?
Интересно е што ни Груевски не се буни против тој договор. Неговиот советник Веле Самак, да не чувствува носталгија кон Бил Гејтс? Што работат одговорните за информатичко општество, освен што отвараат интернет кафулиња? Каде е нивното инженерство, за тоа ли учеа факултети?
Не можам да направам разлика во овој поглед меѓу Грујо и компанија од една страна и Шеќериска со Макардули од друга страна.
п.с.
Македонија според моите податоци плаќа 4 милиони евра годишно само за лиценци за Windows. LINUX – Fedora7 е бесплатен.
6 comments November 25, 2007
VIP.SEX.mk
Најновата измама во мобилната телефонија ни ја приреди ВИП. Замислете на 15-ти овој месец требаше да добиеме 2x повеќе, односно парите од разговорите во периодот од15.10.2007 до 15.11.2007 требаше да ни бидат префрлени на сметка во двојно поголем износ. Нема ништо спорно тука, но проблемот е што смееш да ги трошиш – ИСКЛУЧИВО ВО МРЕЖАТА НА ВИП. Дали на рекламата (која ни дупна ушите) беше нагласен овој податок? – НЕ. Значи овие од ВИП не` заебаа, ни го спопикаа. Многу итри и многу добар однос со потрошувачи. На крајот од крајиштата односот со потрошувачите е нивна работа.
Дали едно претпријатие може да рекламира едно, а да даде нешто друго, општетувајќи ги потрошувачите? Дефинитивно ДА.
Се прашувам дали во земјата кандидат за ЕУ и НАТО функционира барем една институција која ги штити потрошувачите и води сметка за вкупната работа на ваквите компании? Дефинитивно НЕ.
Е, сега Ве прашувам:
- Дали ние треба да имаме држава, дали сме кадарни за тоа?
- Дали во земјата на Војсководецот пред кој светот клечеше, некој можеше да си дозволи вакво самоволие?
- Заслужуваме да се викаме како што се викаше земјата на Војсководецот или пак повеќе ни прилега прекарот со кој ни се обраќаат во ООН?
Се надевам дека овие прашања заслужуваат одговор.
3 comments November 19, 2007
Кислород
Имаше една песна од „Нулта позитив“ чиј рефтен беше вака некако „Отвори го пенџерчето, се задушивеме, ќе поцркаме..“. Можеби не го трефнав точно, но сигурно поентата беше таа – ќе се угушиме ако не влезе кислород.
Истото мислење го имам секогаш кога гледам вести. Ова со градежниве мафии нема крај. Вчера на „Код“ се промовира нов градежен скандал. Нема жива сила што ќе ме убеди дека градежната мафија, банките и дел од политичарите не работат во спрега. Демек типчето од „Гиа инженеринг“ кој си ги опљачка и роднините и пријателите, е толку моќно само да изврши ваков грабеж. Нема шанси. Тој ќе оди на привремена работа во затворот во Идризово и по неколку години поминати таму ќе може да ужива во неколкуте стотоци илјади евра што ќе му останата по поделбата на пленот.
Како што гледаме работава копа! Или некако до кислород да се докопаме или готови сме, ќе останеме во длабоково. Затоа на мојов блог одлучив да го пуштам Кислородот на Жан Мишел Жар.
Add comment November 13, 2007
Браво Велија
Во моментов на A1 Plus телевизија на сателитот THOR оди изборот за навивачка химна на Македонија. Развиореното историско знаме на Македонија може да го види добар дел од ЕУ и светот т.е онаму каде може да се следи сателитот THOR (слика1).

Слика1. Покриеност на сателитот THOR
Ова е еден од начините Европа да види кое знаме е македонско и дека не се сите во Македонија пицајзли како Глигоров, па да се откажат од се` само за да им угодат на ѓупците од Атина. Жал ми е што нема повеќе македонски сателитски програми.
Инаку мислам дека во моментов Велија Рамковски е единствениот политичар кој е вистински македонски патриот. Тој со акцијата за промоција на делото Мисирков врши суштинско унапредување на македонската национална свест. Еве и неговата A1 Plus го потврдува тоа.
Add comment November 10, 2007
Сателитите, Линукс и Маслов
Да, иако насловот е прилично невообичаен има свој НЗС кој се вика Слобода. Слободниот софтвер (мојот омилен Линукс на пример) е нешто што многу го ценам. Хуманистите во психологијата (Маслов, Роџерс итн.) ме воодушевувале со своите идеи за човекот како слободно суштество.
Зарем не е слобода кога имате 16 сателити на кои можете да примате илјадници ТВ и радио канали, а на Телекабел и (останатите кабелски ТВ оператори) ни денар не им плаќате? Едноставно не зависите од нивната (не)воља.
Во услови кога сме со визи заковани сателитските радио и ТВ програми заедно со Интернетот се опција да останеме вклучени во светот т.е. да не попаднеме во изолација. На овој начин преку технологијата, но и преку книгите, филмовите итн., можеме масовно да комуницираме и да го осознаваме светот, како музика, спорт, филм, вест, уметност и/или кич.
Би сакал да ви покажам една фотографија која ја направив при последната посета на Париз непосредно пред седиштето на сателитскиот гигант EUTELSAT во паркот André Citroën.

Идеата за претставување на EUTELSAT преку балон кој слободно лебди е нешто што се поклопува со мојот светоглед во кој слободата е битен фактор. Мислам дека одговорните за маркетингот на EUTELSAT одлично ја завршиле својата работа и на луѓето им промовираат слобода (ослободување) и масовна комуникација.
Инаку EUTELSAT е сателит од каде што може да се примаат многу радио и ТВ канали. Така на пример на EUTELSAT W2 можат да се следат следниве телевизии: Balkanika, Folklor TV (бугарски канал со македонски народни песни, а нашиве не инвестираат во македонски канал со македонски народни песни, па светот го гледа македонскитот фолклор како бугарски) BN- Република Српска, Evropa TV, Zdrave, и други.
Add comment November 7, 2007