Archive for April, 2008
Симон Трпчески сугерира психологијата да е задолжителен предмет
„Психологијата треба да е задолжителен предмет. Таа не’ проучува сите нас. Затоа жалам што неа ја нема доволно во нашиот образовен систем….“ - вели Маестро Симон Трпчески во интервју за „Дневник“
Големиот македонски пијанист им порача на образовните власти во земјава да се изучува психологијата како задолжителен предмет. Паметните луѓе очигледно ја разбираат важноста на оваа наука, и можат да ја согледаат нејзината неопходност. Сепак дрезгите по министерствата и по разно разните институции за унапредување (читај уназадување) на образованието во земјава не само што ништо не разбираат туку мислат и дека нивните катастрофални ставови се исправни.
На саемот на средните училишта од земјава што се одржа неодамна во салонот на МОБ, продефилира и државниот секретар во министерството за образование Перо Стојаноски. Ова типче се појави заедно со Зафир Хаџиманов на музичкиот дел од саемот на кој учествуваа учениците. Обајцата беа пратени со екипа на нивни подопашници и една армија обезбедување од „LUPUS“ која газеше и преку учениците и преку професорите.
Државниот секретар Перо, би требало да се дружи повеќе со Симон Трпчески и музиката што Мајсторот ја изведува, а помалку со типчиња како Зафир чиј син и сопруга не знаат ни да бекнат на македонски јазик или им е срам да го говорат јазикот на нивниот татко и сопруг.
Add comment April 30, 2008
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ
Честит Велигден на сите православни читателки и читатели.

Add comment April 27, 2008
Благодарност до САД, Словенија, Турција и останатите земји што не` поддржаа
Претседателот на САД и нашиот голем пријател Џорџ Буш, на почетокот од својот втор претседателски мандат ја призна земјава под уставното име. При крајот на истиот мандат продолжи со безрезервната поддршка на нашата земја и нашата нација.

На последниот самит на НАТО, на САД им се спротиставија Грците блокирајќи го нашиот прием во алијансата со вето. На тој начин Грција се вброи во земјите противници на САД од кои дел се познати под името „оска на злото“. Така Грција на мала врата влезе во друштво со : Северна Кореја, Иран, Србија итн. Оската Белград-Атина профункционира во руски стил, барајќи ја својата противтежа Софија-Тирана.
Сепак САД се супер силата, тие се со нас, и соновите на нашите ПАРТАЛАВИ соседи – мрсулковци, со тек на време ќе се претворат во нивни кошмари.
Исто така сум воодушевен од поддршката што земјава ја доби(ва) од Словенија, Турција, Чешка, Балтичките земји како и сите правдољубиви нации во светот.
3 comments April 3, 2008