Archive for December, 2007

Во петок, нешто убаво

Концертот на култната македонска група Мизар очекувам да биде на највисоко ниво задутре. Како што знаеме се врати стариот пејач Горан Таневски, а не ми јасно дали песните од нивниот претпоследен албум ќе ги отпее Горан Трајковски за кого мислам дека и` даде една дополнителна софистицираност на музиката на Мизар.

Иако гласот на Таневски е тој по кој се пропзнаваше Мизар, сепак мислам дека Трајковски беше повеќе од одличен. Како и да е Мизар си се Мизар.

Add comment December 26, 2007

Втората смрт на Александар Македонски

Александар Македноски воскресна во малата ќелија на судот за воени злосторства во Хаг. Ужаснат од фактот што неговата Македонија клечи пред Европскиот сојуз во кој е и Грција (наместо обратно, тие да клечат пред Македонија), почна да се присетува на лекциите по логика што Аристотел некогаш му ги предавал. Потсетувањето беше болно бидејќи не можеше да сфати како е можно на Македонците да им го оставиш во владение целиот свет, а тие да го раскрчмат пошто – зашто. Не само светот, туку и Македонија. Да ја сведат државата на Војсководецот на нешто што во Хаг го викаа FYROM.

Измачувањето на Александар во Хаг стана посилно откако дозна дека некој си Ајнштајн учел за бесконечноста на двете нешта: (1) универзумот и (2) човечката глупост. Му стана јасно дека неговите потомци ја достигнале бесконечноста под точка (2). Гневот и лутината стануваа неподносливи, па властите во затворот одлучија да го пратат кај затворскиот лекар.

Докторот се претставувил како психоаналитичар и го прешал Алксандара дали некогаш сакал да го убие татка си Филип и да се ебе со мајка си Олимпија? Војсководецот вчудоневидено гледал во докторот и помислил дека од спермата на цар Едип е зачнато мажето што се подбива со него.

Според преданието Александар едвај се довлечкал до својата ќелија и ги затворил очите заксекогаш, за да не го види никогаш повеќе светот на кој не сакал да припаѓа.

 

1 comment December 22, 2007

The Best of Jakov

Конечно на македонскиот пазар може да се најде ЦД од Јаков Дренковски. Неодамна излезе колекција од најдобрите песни на овој автор.

Можеби и МРТВ ќе започне отварање на бункерите во кои се чуваат македонските вредни дела од југословенскиот период, а на некои структури сеуште не им одговара нивна поширока пристапност.

Add comment December 21, 2007

Нека е Св. Никола на помош

 

За многу години да е големиот празник, и нека ни е на помош Св. Никола. Најсрдечни честитки  за сите читали и читателки кои имаат куќна слава или именден.

4 comments December 18, 2007

Натепана професорка во фискултурното училиште

Поради моите слаби трачерски способности, дури денес дознав дека колешката по француски јазик што држи часови и во фискултурното училиште во Скопје, неодамна била физички малтретирана од страна на ученик во ова училиште. Причина за физичкиот напад била опомената на ученикот да не јаде сендвич за време на часот. Револтираниот ученик ја натепал професорката В.Н. која е повозрасна госпоѓа, со специјализација по француски јазик во Париз и која важи за квалитетен професор.

Се прашувам како ниеден новинар не се заинтересира за случајот барем со 5% од енергијата што новинарите ја трошат кога се во прашање инцидентите во спротивната насока од професор кон ученик.

Овој немил настан, за жал оди во прилог на мојата теза дека треба да се операционализира поимот „ученик“ како би се избегнале безсмисленостите што законската регулатвива ги аплицира врз професорите во одредени ситуации.

Исто така ме интересира каква и колкава оштета ќе добие натепаната професорка поради претрпен стрес, физичка и психичка болка за време на извршувањето на своите работни задачи.

1 comment December 15, 2007

И Франција ги замолчува новинарите

Новинар кој објавил дека француските разузнавачки служби знаеле за нападите врз САД од 11 септември 2001 и за тоа ги информирале американските власти, бил затворен и присилуван да го каже изворот. Информцијава можете да ја најдете изворно во Le Monde  и Yahoo.fr.

Според новинарот инспекторите биле многу љубезни, но одлучни во своите намери и постојано му го обновувале притворот.Му се заканувале дека ако не го каже изворот ќе го затворат. Исто така му било кажано дека ќе има судење, но дека до тогаш ќе го држат во затвор.Иако во почетокот новинарот одбивал да го соопшти изворот на информацијата, сепак подоцна во крајно лоша психо-физичка состојба признал едно име.

Новинарот одлучил во иднина да не се занимава со новинарство, затоа што не ги издржал притисоците.

Add comment December 12, 2007

ВИП тера по свое

Откако напишав дека мобилниот оператор ВИП добиениот кредит од акцијата „со ВИП добивате двојно повеќе“ дозволува да се троши само во рамките на нивната мрежа, денес исфрлија нова глупост (правило). Во хуманитарната акција за Тео Тасев има и ВИП телефон 077 143 133 на кој може да донирате средства за лекување на ова дете. Отидов во салонот на ВИП во ГТЦ и им реков дека сите пари што ги добив преку акцијата „со ВИП добивате двојно повеќе“ сакам да ги донирам за Тео. Тоа значи дека од мојот ВИП број ќе треба да завртам на број во ВИП мрежата. Знаете што ми одговорија овие од ВИП? НЕ МОЖЕ. Зошто им велам не можам да го трошам кредитот во рамките на вашата мрежа? Нели е такво правилото? Е пу, пу не важи.

И замислете сите овие немили настани се случуваат во земјата Кандидат (за што?!).

2 comments December 10, 2007

FROM LONDON

Велика Британија застана зад Македонија и се протистави на нерузамните барања на Грција. Мислам дека добар дел од западните земји повеќе не можат да ги слушаат глупостите на грчките политичари.

Поздрав до грчкото племе со Битлси, и препорака повеќе да ги слушаат нив, и да го читаат Шекспир за да се култивираат малку од малку.

2 comments December 7, 2007

За вицепремиерот Ѓелиќ сме ФИРОМ, за претседателот Буш Македонија

Ја поддржувам американската политика, односно политиката на претседателот Буш бидејќи за нив сме Македонија и ја уживаме целосната нивна подршка за НАТО и ЕУ. Се надевам дека така ќе биде и во иднина.

Меѓутоа, Канал 5 телевизија јави дека српскиот вицепремиер Ѓелиќ на денешната конференција во Брисел не` нарекол ФИРОМ. Види , Види…. Лицемерието што доаѓа од Белград во форма на некаво пријателство понекогаш очигледно не може да се скрие.

Она што ме интересира е како блогерите кои го мразат Буш, на пример: Катика, Џам, Рибаро итн., ќе го окарактеризираат овој ШУМАДИСКИ ОПИНОК!

Се прашувам дали блогерите што на своите блогови имаат банер „Не пиеме нафта“ пијат „Српска шљивовача“?

Ме интересираа ставот на оние што како мајмуни се бесеа по оградата на американската амбасада во Скопје, протестирајќи против бомбардирањето на нивниот „Београд“. Епа драги без`рбетни протестирачи, Ѓелиќ ви го подаде да си поиграте. Пак да ја палите американската амбасада и да одите да го браните Бранков мост од „натозликовце“.

Навистина не знам што треба да се случи за да македонскиот ум сфати дека нема што да бара од СИТЕ свои парталави (смрдливи) соседи. Само развиентиот свет може и треба да му биде репер на Македонецот .

п.с.

Сакав да поставам линк до веста на сајтот на Канал 5. За жал веста ја нема на страницата. Не знам од што цвикаат уредниците на оваа телевизија од Б.Ц. од Шеќи или од некој друг. Доколку е моја грешка, т.е. доколку информацијата е објавена и на сајотот јавно им се извинувам на уредниците од Канал 5. Сајтот им е заникаде и можни се грешки.

9 comments December 4, 2007


Никола Николоски nikola.nikoloski@gmail.com

Archives

Blogroll

Blog Stats

apaheader.jpg
freudsex.jpg
efa_rainbow.gif