Archive for September, 2007
Обезглавените тела на T-Mobile
Рекламата со која не преокупира деновиве мобилниот оператор Т-Mobile ни претставува луѓе кои имаат само тело, но не и глава. Психолошки гледано пораката е дека не треба да се мисли, не е потребен разум и интелигенција, туку страст, нагон. Т-Mobile сака да ни каже дека корисниците не треба да мислат, туку дека Т-Mobile мисли место нив. Единствено нешто што треба да го направат корисниците Т-Mobile е редовно да ги плаќаат сметките. Кога Т-Mobile мисли наместо нас тоа е идентично со социјалистичкиот период кога Партијата мислеше за нас и со денешниве партии кога партиското водство мисли за своето обезглавено членство кое треба само да гласа.
Од каде потекнува ваквиот поглед на нештата кај менџментот и маркетинг службата на Т-Mobile? Одговорот се наоѓа во фирмата мајка – Македонски комуникации. Луѓето од Дојче Телеком преку Матав направија монопол во фиксната телефонија токму поради обезглавените тела на македонските политичари од бандата на Љубчо Георгиевски. Германците заклучија дека во Македонија има многу луѓе без глава т.е. без памет кои владеат со земјата. Ваквиот заклучок го пласираат во јавноста и преку рекламава надевајќи се дека луѓето во Македонија и понатаму нема да размислуваат.
Рекламата со која Т-Mobile зборува за некаков лесен разговор (easy talk) е во контекст на филозофијата на хедонизмот. Ние треба да се препуштиме на задоволствата, на она што е лесно. Значи лесен живот, лесни жени, лесен разговор, лесна заработувачка тоа е она што Т-Mobile ни го нуди.
2 comments September 29, 2007
Хуманитарна акција (превземано од блогoт за археологија)
Стојановски Леон (3 години) од Скопје, му е потребна помош. Се работи за неопходна операција – Транслантација на црн дроб, која се планира во октомври 2007 во Брисел. За операцијата потребни се 20 илјади евра. поради финансиската состојба на родителите …
Донирајте 100 денари:
Т-мобиле: 070 143 122 или Космофон: 075 143 456
Сметка на Коминтент: 001583649-0
На Стопанска Банка АД – Скопје
Add comment September 26, 2007
Новинарската фела натепана, лица со ловечки карабини во училиштата
Слобода на медиумите? Такво нешто нема во замји од типот на: Сомалија, Конго, Северна Кореја, Иран итн . Дали во Македонија има слобода во информирањето? Прашајте го новинарот Лирим Дулови или снимателот Игор Љубовчевски на кој денес му беа скршени ребрата од страна на Алфите.
Општеството е систем па недостатоците во една сфера се поврзани или се рефлектираат со недостатоци во друга сфера. Ако се тепани новинари и сниматели, децата од рана училишна возраст се изложени на милоста на вооружаните лица. Еве како во насебата Карпош 3 реагирале децата на вооружениот возрасен кој упаднал во нивното училиште:
„Децата на сет глас викале „снајпер, снајпер“ исплашени дека непознатиот човек ќе пука во нив. “
Толку. Ако имате некој коментар напишете.
1 comment September 26, 2007
Примитивизмот излезе на видело по незнам кој пат
Дете од рана школска возраст се воспитува да не се тепа со другарчињата ако нешто не му е по ќеиф. Возрасно лице кое ги тепа и малтретира другите заради објаснување, забава, демонстарција на сила или слично се вика социопат. Возрасен припадник на диво племе ги решава проблемите во и надвор од племето со тепање.
Ваквата паралела покажува дека дивјакот, детето и психички нестабилните индивидуи проблемите ги решаваат на еден типично архаичен односно примитивен начин.Во македонското Собрание се истепаа пратениците од албанскиот кампус. Вентили го удрил Вејсели, Тачи ја удрил Теута, новинарот Лирим бил нападнат од локалниот шериф на ДУИ. Ваквото однесување согласно претходно дадените психолошки опсервации може да се нарече инфантилно, социопатско или дивјачко. Заинтересираните можат повеќе да прочитаат во книгите на Фројд за ваквото гледање на нештата.
Ако во Собранието некои се тепаат дали тоа значи дека Македонија е земја на примитивци? – одговорот е ДА и големо извинување на малкуте исклучоци. Дека примитивизмот е општа одлика на Македонија (не само на довчерашните борци за човекови права) докажува и изјавата на Шеќеринска која вербално го изрази примитивизмот искористувајќи го скандалот за ефтино опозициско профитирање. Да се користи еден ваков чин за да ја подигните довербата од 0,0000002% на 0,0000003% е неприфатливо. Ако се потсетиме на сексуалната изјавата на Штерјо Наков дадена за приватизацијата на Фершпед ќе наидиме на истата констатација. Друг и многу посуштински доказ дека Македонија е лулка на примитивизмот може да биде фактот што на секое ќоше имате буниште, што возачите ќе ве изгазат и на тротоар, тоа што голем дел од населението е вљубено во турбо културата итн.
6 comments September 25, 2007
Средношколците на улица, пак
Адолесценцијата е развоен период во кој младиот човек се вклучува во светот на возрасните. Средношколецот – матурант се помалку е дете, а се повеќе заличува на возрасен. Така нашите средношколци научија од своите родители и останати возрасни дека треба да се штрајкува за да се добие нешто или за да се изрази револтот. Ги гледаа возрасните како со години штрајкуваат и ја прифатија нивната ука. Ако историјата е учителка на животот тогаш после усвоените штрајкувачки вештини, еден дел од овие млади луѓе ќе станат доброплатени политичари (како лицето Филип Петровски или лицето Влатко Ѓорчев), а мнозинството од средношколците ќе треба да ги усвои и вештините за скрпување на крај со крај во месецот со бедни 6 000 денари.
Протестите против државната матура се лика и прилика на однесувањето на возрасните индивидуи во постсоцијалистичка Македонија. Ете како во нашава земја се станува возрасен. Од ученичка клупа директно на улица. Ваквите состојби како и проблемите со видео снимките, зголеменото ниво на социопатолошки појави меѓу средношколците и уште многу други работи одамна требаше да бидат предизвик за македонските власти. Се разбира дека некомпетентни лица кои никогаш или многу малку во своите кариери работеле со средношколци нема да можат ни од далеку да го решат проблемот. Имам впечаток дека заменик министерот за образование, професорот од машинскиот факултет Лазаров, нема поим ни што е државна матура ни колку испити треба да полагаат средношколците. Тој вчера мислише дека ќе се полагаат испити од два предмета, а денес се поправи оти не бил добро сфатен (демек новинариве не се доволно интелигентни па не можат да го сфатат). Ваквите несериозности и некомпетентости само ја комплицираат ситуацијата во која постои голема опасност адолесцентите да бидат изманипулирани на неколку нивоа.
2 comments September 21, 2007
За Канада и официјално сме Македонија
Канада не` призна под уставното име. Еве ја изјавата на Македонецот Луј Темелковски пратеник во канадскиот Парламент дадена за а1 телевизија:
„Не беше лесно, бидејќи имаше доста голем притисок од секаде, за да не ја признае Македонија под уставното име, но јас кога го претставив тоа во Парламентот, тие сите реагираа. Некои реагираа позитивно, некои негативно, но сабајле разбравме дека Владата на Канада го прифати тоа“, рече Луј Темелковски.

Ваквиот гест докажува дека Канада е демократска земја која ја почитува самоопределбата на другите. Да се надеваме дека и демократите од т.н. стара Европа ќе го следат канадскиот пример и нема да ги навредуваат Македонците за да ги задоволат примитивните стремежи на нивната членка Грција.
2 comments September 20, 2007
Соларис го продухови Скопје
Мултимедијалниот проект „Соларис“ беше вистинска работа што требаше да му се случи на Скопје. Не само валкани улици, загаден воздух, елита без милиграм култура, сиромаштија, пороци итн, туку и уметност што ја променува мислата за нештата што ни го исполнуваат живеењето. Идејата да се направи една претстава на јавно место – плоштад е величенствена, бидејќи обичните луѓе кои едвај скрпуваат крај со крај во месецот имаат можност колку-толку да ги задоволат своите духовни потреби. Мудриот филозоф Сократ ја предавал својата филозофија токму на плоштадите каде што разговарал со луѓето што ги сретнувал.
Можеби и мојов пост ќе го нагласи ефектот на мултимедијалното остварување доколку ја прифатите идејата за download на оперативниот систем Solaris и негово инсталирање заедно со вашиот Linux (го претпочитам токму него!) и/или Windows (не така среќно решение). Поинаку кажано можете да направите dual-boot (два оперативни системи) или multi-boot (неколку оперативни системи) па така на еден сметач се добива поголем избор на оперативни системи и апликативен софтвер, a со тоа и пошироки хоризонти во информатичкиот универзум. Оперативниот систем Solaris ќе се надоврзи на мултимедијалната претстава.
Add comment September 18, 2007
Кредитни картички на македонски начин
Почна учебната година и се купуваат книги. Во книжарницата на „Просвeтно дело“ лоцирана во центарот на Скопје може да платите и со кредитна картичка. Еве вака тоа изгледа во пракса:
По добиеното парченце хартија на која некој од трговците запишал нешто со лош ракопис одите на каса. Касиерката го зема неугледното пуслче, отчукува нешто на фискалната машина и ви кажува дека нема проблем да се плати со кредитна картичка. Ја зема вашата картичка и ја става во читачот кој се наоѓа од нејзина страна. Потоа ве прашува за кодот, вие и` го кажувате и таа го вметнува. Откако ќе заврши трансакцијата добивате фискална сметка и кредитната картичка ви ја враќаат назад. Ете како се пазарувало со кредитни картички.
Ваквите состојби се дел од нашето секојдневно живуркање. Во „Веро“ читачите за кредитните картички се завртени накај касиерката и вие го внесувате кодот пред неа. Во „Тедико“ касиерката станува од каса доаѓа со вас до местото каде што се читачите и ви „виси“ над глава додека го извршувате плаќањето.
1 comment September 17, 2007
Цивилизациски ќорсокак
Адаптацијата на македонското секојдневие по последното враќање од Франција ми се гледа многу тешка. Уште не можам да навикнам дека во продавница продавачката или продавачот не ми кажуваат: „Добар ден“, „Повелете“, „Пријатно, пријатен ден“. Во автобус среќен сум ако шоферот не ме натепа, а за „Благодарам“ откако ќе му ја покажете слободната карта не станува ни збор.
И јас така навикнат по француски им велам на продавачиве/чките „Добр ден“, а тој/таа ќути или следува едно „Кажи..“. Мислам дека некултурата се` подлабоко навлегува во сите слоеви на нашето општеството. Докази има многу, но доволно е да се потсетиме на однесувањето на Стевчо Јакимовски во последното издание на „Чуму“ кога со целата своја недоделканост го откачи простачкото „Мајката“ со намера да му реплицира на некој од соговорниците.
Македонскиот простотилук го среќаваме уште од самиот влез во Македонија. Откако ќе ја поминете полициската и царинската контрола (службениците се катастрофа!) на малото аеродромче „Александар Велики“ (поранешен Македонски) пред излез од аеродромот ве пречекуваат 6-7 смуртени фаци облечени во црно. Меѓусебе се „заебаваат“ а тебе ти недостига телохранител да те заштити од обезбедувањето. Потоа ви пристапуваат таксистите и јасно ви е колку е саатот.
Пишувајќи за цивилизацискиот ќорсокак се потсетувам на една девојка-тинејџерка кој хистерично пискаше и се смееше со своите другарки во автобус. На забелешката на еден од патниците зошто така се однесуваа рече дека сакала да ја чујат групата момчиња од истиот автобус.
1 comment September 13, 2007
Сеќавање
На денешен ден пред шест години се случи терористичкиот напад врз кулите близначки во Њујорк. Луѓето кои настрадаа беа недолжни исто како и жителите во (западна) Македонија кои за време на конфликтот од 2001 беа жртва на терористичките војски на албанските екстремисти и криминалци.
Сочувство до семејствата кои ги загубиле своите најмили во терористичките напади.
1 comment September 11, 2007