Archive for June, 2007

Breaking news- леле..леле..

Еден пријател на татко ми ги опцул сите политичари па и Бране. Одеднаш му се нафрлил еден нивни познаник да се пресмета физички со пријателот на татко ми, велејќи:

„Како го пцуеш Бранко тој ми е сват!“

Пријателот на татко ми прашува:

„Од каде тебе Бранко да ти е сват?“

Насилникот одговара:

„Синот на Бранко и` се пушташе на ќерка ми кога беа во средно!“

Драги мои, и тоа го има. Ај речете дека за психолози нема работа.

1 comment June 28, 2007

Тежок хрватски кич во македонскиот етер

 Се заинтересирав за хрватската серија „Забранета љубов“ што се емитува на A1 телевизија. Кога одлучив психолошки да ја проанализирам, заклучив дека овој тв-продукт е катастрофален, но популарен барем во земјава.

Девојката Петра е болна од леукемија. Претствена е како пациентка во болница (сега веќе здрава) која ни од далеку не ја доловува судбината на лицата со оваа тешка болест. Членовите на семејството ја посетуваат и нивните контакти не изразуваат ни ронка од траумите што ги доживува едно семејство чиј член, а посебно дете, е болно од леукемија. Како да станува збор за потешка форма на настинка.

За споредба можам да ви кажам еден вистински пример. За жал тоа беше една огромна трагедија, што во едно семејство детето отприлика на возраст колку и Петра во серијава, беше болно од леукемија. Не можејќи да ги издржи маките на оваа болест момчето изврши самоубиство. Дали има потреба да пишувам за траумите на семејството?

Во серијата пак Петра, е нешто како „социјален работник“ за тие што ја посетуваат, семејството е во љубовни авантури, пријателите се кичасто пожртвувани и топли. Се има само на еден извитоперен начин. Катастрофа.

Сценаристот, режисерот и актерската екипа, како да ја изкористиле опасната болест за да снимат нешто безвредно, нешто што ќе донесе пари, нешто што ќе покаже патетика, интриги и отменост.

Ваков тв – продукт  може да биде конзумиран само од уметнички невоспитана публика. Дали советот за радиодифузија, откако ја преспа еуфоријата на латино сериите, ќе излезе со свој став? За друго да не зборуваме.

Add comment June 26, 2007

40 степени е надвор – радост или тага?

Да имаа во Скандинавија вакво сонце, сигурно денес ќе читавме во весниците колку струја произведуваат од сончевите зраци. Нас сонцево не пече, се жалиме, „експерти“ по енергетика со лопата да ги ринеш, а ни еден киловат електрична енергија не добиваме од ова јако сонце. Барем да се направеше една мала соларна централа за научни и експериментални цели.

Навистина е добар потегот на владата околу субвенциите за сончевите колектори. Конечно. Уште во социјализмот МЗТ произведуваше вакви системи, ама требаше да поминат 20 години за да се преземе нешто на планот на нивна промоција.

Парадоксот да е поголем, на 40 степени, ние во Македонија треба да возиме со пуштени светла на возилата. Не знам која интелигенција го смисли ваквото решение, но сигурно знам дека подобро ќе беше макар и во научни цели да се промовираа возила на соларен погон, односно кобинација помеѓу соларното и некое друго гориво. На сликата што следува е претставено возило кое користи сончева енергија и плин за да се движи.

Возило со комбиниран погон: плин и соларна енергија

Смисолот на овој муабет, е да се подигне свеста кај населението за важноста и моќта на сончевата енергија. Балговремено да се менуваме во размислувањата, ако сакаме да живееме подобро. Да не правиме од ресурсите проблем.

Add comment June 25, 2007

Да му се возврати на Карл Билд

Вчера шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд порача дека земјава треба да влези во ЕУ заедно со Србија. Мислам дека нашата евроинтеграција не смее да се поврзува оваа земја поради суштинските меѓусебни разлики. Како е можно нашиот влез во ЕУ да се врзува со апсењето на Караџиќ и Младиќ? Ако е ова услов за Србија не смееме да прифатиме тоа да е услов и за Македонија. Затоа на господинот Билд треба да му се каже да се подприбери малку, и да не се расфрла со вакви или онакви изјави. Никако да се молчи.

Add comment June 24, 2007

Бесплатни СМС -пораки (преземена информација од Горан Андреев)

 

На блогот на Горан Андреев е објавен сајт од кој може да се праќаат бесплатни СМС -пораки. Ваквите информации се за секоја пофалба бидејќи допринесуваат за разбивање на дуополот што владее во земјава и безмилосно не` дери сите.

4 comments June 23, 2007

Анимус – некогаш и/или секогаш

Пребарувајќи по youtube ги најдов Laibach кои ме вратија на средношколска возраст кога со мојот другар Стојановски Владимир – Флег, се обидувме преку музика да им вдахнеме душа на нештата. Нашата група се викаше Анимус и името доѓаше од анимизам – најпримитивната форма на религија според која и предметите имаат душа исто како и луѓето. Вежбавме полни со елан, убедени дека нашата музика ќе ја оствари својата „невозможна мисија“. Како сега да ми е пред очи амблемот што го изработи Владимир (кој знаеше одлично да црта) – добар дух на чиј недефиниран стомак со старословенски букви беше напишано Анимус.

Ќе беше добро да зачувавме барем една од аматерските снимки, и да можев да ви ја пуштам. Професионална снимка немаме бидејќи тогаш во студиото на ТВ- Скопје тешко можеше да се припари. Од Тања и Лидија Кочовски до ред не можеше да се дојде. Приватните студија беа премногу скапи за да можат средношколци со свои сили да закупат термин.

Кога сме кај Laibach треба да кажеме дека тие ни биле пример, заедно со нашите Мизар, но мислам дека најмногу ги свиревме песните на Тhe Beatles.

4 comments June 21, 2007

(НЕ)Професионалноста на психијатарот Хаџиангелковски

На телевизија видовме дека некој пациент имал проблеми со тоа што бил присилно хоспитализиран во Бардовци. Пациентот и Хелсиншкиот комитет обвинуваат за кршење на човековите права, а психијатарот Д-р Ѓорги Хаџиангелковски за да ја докаже својата невиност без око да му трепне, ја извади историјата на болеста на пациентот пред камерите!!! Замислете психијатарот ја дава на увид целата лекарска документација на новинарите!!! Кои се новинарите да имаат увид во документацијата? Со кое право докторе! Ако пацинетот доброволно зборува пред камера, не значи дека неговите доктори добиле право историјата на болеста да ја изложуваат јавно!

Истиот психијатар ја оправдува одлуката за присилна хоспитализација со тоа што пациентот веќе имал психијатриски проблеми. Дали ова значи дека секој човек кој некогаш побарал психијатриска помош треба да се држи на око и да биде потенцијален кандидат за присилна хоспитализација? Дали на овој начин докторот Хаџиангелковски не врши етикетирање на своите пациенти?

Според статиситката на Светската здравствена организација секој четврти човек на земјава имал потреба од консултации со психијатар или психолог. Настанот како овој ги одвраќа луѓето (особено во Македонија) од барање на стручна помош за своите психички проблеми. Загрижува реакцијата на Здружението на психијатрите во која не се споменува непрофесионалното одесување на заменик директорот на душевната болница „Бардовци“.

1 comment June 20, 2007

Познат датумот за прием на Македонија во ЕУ

Ако нештата се одвиваат до истата динамика како сега земјава ќе биде примена во ЕУ во 2037 година. Ваквата проценка ја направив земјаќи го предвид природниот тек на настаните.

1. Децата кои се на возраст до 10 години, во 2037 ќе бидат доволно зрели да земат активно учество во опшетствениот, економскиот и политичкиот живот во земјава.

2. Тие деца не се оптоварени со југоносталгија или со приказни од типот: „Балкане мој“, „Мој Балкане“  итн. Единствена татковина за која знаат е Македонија.

3. Овие деца се пораснати со компјутери. Можеби секое дома нема компјутер, но сепак (ќе) се во тек со можностите на сметачките машини, па за нив нема да е баук ако на работа видат компјутери. Работата која е базирана на компјутеризирани машини е попродуктивна, а економијата  попрофитабилна. Истото важи и за администарацијата.

4. Овие деца активно се среќаваат англискиот јазик уште во детството. Тие ќе знаат повеќе од нивните родители и од нивните баби и дедовци. За овие деца нема да е голем проблем користењето на странска литература. Јас имам оддлични ученици кои не се во состојба да читаат странска литература.

Вакавата анализа можно е да има извесни недостатоци. На пример, постарите деца, оние кои сега имаат 13 години исто така се блиски до децата за кои пишував. Тие и постарите од нив мислам дека ќе бидат претходница на подобрата иднина.

Жалосно е што во конкретниов момент во нашето општество нема механизам кој ќе им овозможи на напредните сили да дојдат до израз, како времето до 2037 би се скратило.

2 comments June 19, 2007

Бесплатен интернет, изгор импулси

Повеќе на граѓаните им се исплатува да си се претплатат на некој интернет провајдер отколку да бесплатно да сурфаат на владиниот dial up интернет. Навистина интернетот е бесплатен, ама телефонскиот импулс е оган.

Имам впечаток дека Грујо не знае што да измисли за да ги убеди гласачите и јавноста дека ги реализирал предизборните ветувања за бесплатен интернет.  Те интернет кафиња за пензионери пред умирачка, те супер брз dial up интернет, те ова те она, а никако да дозволи либерализација на бизнисот со интернет услугите. Имам впечаток дека надлежните институции работат за бизнисот на кабелските оператори, Он нет и Телеком.

И така земјата кандидат Македонија  ќе чекори кон  Европското семејство со брзина од 56kb/s.

П.с.

Дај не се заебавајте

1 comment June 18, 2007

Космонаутката

На денешен ден во 1963 година Валентина Терешкова стана првата жена што отиде во велената. Ќерката на трактористот со бродот Восток 6 успешно ја заврши својата мисија и долги години ќе остане единствена жена космонаут(ка). По завршувањето на летот таа извршува неколку важни политички функции во руската комунистичка партија. Била и пратеник.

Валентина Терешкова е особено инспиративна бидејќи на автентичен начин докажала како жената треба да ја потврдува својата позиција во општеството. Не преку перални на пари како што се најзначајните македонски феминистички организации, туку преку потфати во кои умот и телото се подеднакво важни.

Add comment June 16, 2007

Previous Posts


Никола Николоски nikola.nikoloski@gmail.com

Archives

Blogroll

Blog Stats

apaheader.jpg
freudsex.jpg
efa_rainbow.gif