Archive for May, 2007
Излезе FEDORA 7
Со задоволство сакам да ја пренесам информацијата за најновата верзија на Линукс Федора – Fedora 7. Повеќе информации можете да најдете тука. Оперативниот систем ќе можете да преземете тука.
Add comment May 31, 2007
Линукс во Прилеп
Една убава вест што ја прочитав на сајтот на битолската група на Линукс корисници е дека во Прилеп се формирала иста таква група. Така градот херој ги доби своите Линукс пионери (ова пионери е употребено во некомунистички контекст) и се надевам дека во иднина идејата за слободниот софтвер ќе се прошири.
Бидејќи сум по потекло од Крушево и често одам таму, сакам да посочам дека и во овој град постои Линус група во рамките на Народна техника. Мојата зараза со Линукс оперативен систем започна токму од Крушево. А вашата?
Add comment May 31, 2007
Скопје затворен град, ама и дисперзија на фабриките (и институциите)
Пред некој ден излезе едно типче од градската управа со идеја Скопје да стане затворен град. Тоа значи да не може секој да се досели во Скопје т.е. да треба да помине низ тортура за добивање на скопско жителство. Типчето посочи и примери од светските метрополи, спомнувајќи ја и Љубљана. Бидејќи Словенците исклучително ги ценам и почитувам, се заинтересирав што градскиот службеник одлучил да преземе од нивното искуство. Но, типчево застана на тоа што Љубљана бил прилично затворен град и тешко се добивало жителство. Тој не кажа дека во Љубљана не се лоцирани сите фабрики. Напротив, фабриките се изградени во различни градови – „Рено“ има фабрика во Ново Место, „Горење“ е во Велење, „ТАМ“ во Марибор, „Фруктал“ во Ајдовчина итн.
Во Македонија сите фабрики се начукани во Скопје. Затоа и луѓето од внатрешноста масовно се доселуваат. Ако треба Скопје да е град во кој тешко ќе се добива жителство, тогаш треба да се донеси и закон за дисперзија на производствените капацитети. Ако во Словенија фармацевската индустрија „Крка“ се наоѓа во Ново Место тогаш и „Алкалоид“ треба да се дислоцира од Скопје, на пример во Кочани. Па кој сака да си го задржи работното место нека се откаже од скопското жителство. Железарата не знам зошто е во Скопје кога рудата е во Каменица. Рударскиот институт пак е во Аеродром, и навистина не можам да сфатам зошто не се дислоцира во Пробиштип. Покрај рударството и металургијата во Скопје има и Земјоделски факултет, технолошки факултет – прехранбена насока, институти од оваа област, што ќе рече ем тешка индустрија, ем здрава храна.
На глупостите македонски им нема крај.
Add comment May 28, 2007
Дружби и служби
Некои од блогерите се собрале во Точка и таму нешто се договарале. Комуникацијата е добра работа и јас сум начелно „за“. Она што ми го мати умот и што не ми дозволува да отидам на таква средба е следново:
Прво, блогот е сврзан со интернетот и не е во неговиот дух одржување на локализирани состаноци. Ако некој блогер сака да комуницира со друг мислам дека интернетот е вистинскиот медиум, а не состанок во Точката.
Второ, обидот да се направат некави групации секогаш го носи ризикот за инфилтрирање на лица кои соработуваат со службите на државната безбедност. Така групирани блогерите лесно можат да бидат злоупотребени и контролирани од страна на службите.
Трето, блогерот Анти не ме воодушевил со своите постови, коментари и стихотворби, па не верувам дека во Точка кажал нешто мудро.
Сепак блогерите се индивидуалци. Тие немаат потреба од цензори и од уредници. Ако се индивидуалци тогаш чуму им е групата и групирањето?
3 comments May 26, 2007
Наркомани на возраст од 10 години во резерватот на Европа
Кога слушнав на вести дека во Македонија старосната граница за дрогирање опаѓа, па деца од 10 години се дрогираат, не се посомневав во стручноста на службите од образованието, социјалната работа итн. Дефинитивно моиве колеги и колегите од сродните занимања се шинале од работа во изминативе 16-17 години. Браво. Над 8 000 регистрирани наркомани.
Кои беа министри за образование во транзицијава? – лекари, физичари, правници, економисти, кодоши и кој ти не. Нестручни луѓе си играа со образованието како ќе им текне за да чуеме на вести дека во училиштата децата се дрогирале, дека си ги продавале телата за пари итн. И замислите еден тип од Министерството за образование срамежливо кажа дека работава е избегана од ѓонија, и дека сите овие години институциите од резерватов не успеале да се справат со наркоманијата во училиштата. ПРАШАЊЕ: Зошто не се избркаат од работа сите оние кои не си ја сработиле работата како што треба? На оние што се во пензија да им се укине пензијата или да им се сведи на ниво на социјална помош.
Се разбира дека џабе е моето негодување бидејќи вработените во образованието и сродните области најмногу се интересираат за тоа дали ќе има поголема плата. Од друга страна нивиот морал е толку паднат да не можат ни да замислат за нешто што се вика колективна оставка. Ќе завршам со мемоарите на големиот Куросава. Тој сеќавајќи се на нуклеарниот напад врз Јапонија пишува дека целата нација била спремна да изврши самоубиство доколку царот тоа го побарал. Затоа Јапонија е Јапонија, а резерватов е резерат.
Add comment May 22, 2007
Пофалба на глупоста
Еве еден бисер – вистински син на глупоста. Навистина човечката глупост била бескрајна.
Add comment May 21, 2007
Глигор Делев го освои Еверест
Вториот Македонец кој се искачи на највисокиот врв во светот е Глигор Делев. Овој нашинец кој живее во Монтреал успеа да се искачи на „покривот на светот“ во утриските часови по локално време. Тој го освои Еверест заедно со алпинисти од Србија и Босна и Херцеговина. Браво за Глигор.
Add comment May 20, 2007
Навиваме за Глигор
Глигор Делев се очекува вечерва да го освои Монт Еверест. Тој заедно со српски алпинисти се обидува да стигне до „покривот на светот“. Ако успее тој ќе биде вториот Македонец, по Димитар Илиевски, кој го освоил Еверест. Да му посакаме среќа.

Add comment May 19, 2007
Неславниот крај на учебната година во Македонија
Идејата да се заврши учебната година за учениците од четврта година порано (мај) од останатите ученици (јуни) беше поврзана со матуркскиот испит. Матурантите мораа да подготват матурска тема и да се подготват истата да ја одбранат. Исто така мораа да изберат предмет кој пред комисија ќе го полагаат. Од овие причини матурантите завршуваа порано од помладите ученици. Значи матурантите дома учеа и се подготвуваа.
Денес ситуацијата е поинаква. Учениците од четврта година се распуштени. Тие веќе две години не полагаат матурски испит бидејќи истиот е укинат. И наместо дома да работат, да учат матурантите ќе останат не ангажирани. Ова особено важи и поради фактот што на многу факултети нема приемни испити. Така нашите полувоспитани матуранти (да ми простат исклучоците) ќе го трошат слободното време буквално како им чини. Лесно може да се забележи дека нема ништо од она што се вика педагогија на слободното време. Значи нема работа, нема учење, а што има? – незадоволство, журики со екстази и кокаин (марихуаната е веќе видено) секси видео клипчиња, мувања, швалерација со лица на возраст од нивните родители за некое парталче што се вика гардероба итн.
Add comment May 18, 2007